Од МВР информираат дека несреќата се случила попладне на улицата „Лазо Трповски“ во Чаир кога автомобил „Форд Фокус“ управуван од Ѓ.Ф. (59) удрил во деветгодишното дете пешак.
Повреденото дете е задржано на лекување на ГОБ „Св. Наум Охридски“ од каде случајот бил пријавен во полиција која работи на целосно расчистување на сообраќајната несреќа.