Полицијата трага по возач кој удрил во дете и избегал, без да му помогне, информираше МВР.
Според полицијата, вчера во 15.25 часот во Единицата за информации и команда Скопје, Д.В. пријавила дека на паркингот пред езеро Треска непознато патничко возило удрило во шестгодишно дете од Скопје и го напуштило местото.
Со друго возило детето било пренесено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.