Преглед ЛЕ: Интер славеше во Бугарија, Шахтјор подобар од Бенфика

20 February 2020. MAURIZIO BRAMBATTI/ANSA

Фудбалерите на Интер на гостувањето го победија Лудогорец со 2:0 во првиот дуел од 16-финалето на Лига Европа, Шахтјар со 2:1 ја победи Бенфика, Ајнтрахт со 4:1 беше подобар од РБ Салцбург, додека Селтик и Манчестер Јунајтед одиграа 1:1 на гостувањата кај Копенхаген и Клуб Бриж.

Интер ја избори победеата со головите на Кристијан Ериксен во 71 и Ромелу Лукаку од пенал во четвртата минута од судиското продолжение. Лудогорец во досегашните три настапи во 16-финалето само еднаш го продолжи натпреварувањето, пред шест години против Лацио, додека Интер од три настапа трипати се пласираше во осминафиналето.

Ајнтрахт во Франкфурт беше убедлив со 4:1 против РБ Салцбург. Творец на победата беше тројниот стрелец Јапонецот Даиши Камада во 12, 43 и 53 минута, а меѓу стрелците се запиша и Филип Костиќ во 56 минута. Гостете успеаја да намалат во 85 минута со голот на Хе-Лан Хванг.

Клуб Бриж и Манчестер Јунајтед одиграа без победник 1:1. Белгискиот тим поведе во 15 минута преку Емануел Денис кој ја искористи грешката на гостинскиот голман Серхио Ромеро кој непотребно го напушти својот гол. Нигерискиот напаѓач прв стаса до топката и го префрли Аргентинецот. Јунајтед успеа да израмни во 36 минтуа по грешка на домашната одбрана. Максим де Кујпер ја уфрли топката од аут, Брендон Мешел беше невнимателен, што го искористи Ентони Мартиал крадејќи му ја топката и го совлада Симон Мињоле.

Со идентичен резултат заврши и дуелот меѓу Копенхаген и Селтик. Шкотскиот шампион поведе во 15 минута со голот на Одсон Едуадро, а израмни Даме Н’Доје во 52 минута. Домашните во 79 минута можеа да дојдат до водство, но Јенс Стаге не реализираше пенал.

Со резултатот 1:1 заврши и натпреварот меѓу романски Клуж и шпанска Севилја. Кипријан Деац ги доведе во водство домшаните од пенал во 59 минута, а израмни Јусеф ен-=Несри во 82 минута.

Хетафе продолжува со одличните настапи сезонава на двата фронта и со 2:0 го совлада Ајакс. За шпанскиот тим победата ја донесоа Дејверсон во 38 и Кенеди во третата минута од судиското продолжение на мечот. Ајакс во првите 45 минути не упати ниеден удар конпротивничкиот гол, додека во продолжението Холанѓнаите само еднаш шутнаа кон голот на домашните.

Шахтјар од Донецк, кој своите натпревари ги игра во Харков, со 2:1 ја победи Бенфика. Украинскиот претставник во 21 минута стаса до предност со голот на Марлос, но голот беше пониште поради незначителен офсајд. Домашните сепак поведоа во 56 минута со убавиот гол на Алан Патрик постигнат од 20-ина метри. Во 65 минута Бенфика возврати преку Пици од пенал. Интеренсно е што гостите во таа акција постигнаа го, но шкотскиот арбитар Боби Маден по асистенција на ВАР-от го поништи погодокот и досуди казнен удар. Само пет минути подоцна Шахтјор дојде до нова предност, а голот на повратната топка од Жуниор Мораеш го постигна Виктор Коваленко.

За двата реномирани клуба ова беше шести настап во 16-финалето од ова натпреварување. Шахтјар досега само еднаш мина натаму, а Бенфика во досегашните пет обиди секогаш продолжуваше. За Шахтјор ова беше првата победа во последните осум европски домашни дуели.

Спортиг на својот терен во Лисабон го победи истанбулски Башакшехр со 3:1. Стрелци за домашните беа Себастијан Коатеш во 2, Андраж Шпорар во 4 и Лукиано Веито во 51 минута, а голот на надежите за гостите го постигна Един Вишча во 77 минута од пенал.

Спортинг веќе осму пат е во 16-финалето на Лига Европа, а најдалеку стаса во 2012 година кога играше во полуфиналето, додека Башакшехр првпат се квалификуваше во елиминациската фаза.

Следната седмица се играат мечевите Баер Леверкузен – Порто, АПОЕЛ Никозија – Базел, Волсфбург – Малме, Рома – Гент, Ренџерс – Спортигн Брага, Вулверхемптон – Еспањол, Олимпијакос – Арсенал и АЗ Алкмар – ЛАСК Линц.