Преглед Лига на нациите: Четири ремија во елитната дивизија

epa10008427 Goalkeeper Aaron Ramsdale of England (C) saves a shoot from Matteo Pessina (2-L) of Italy during the UEFA Nations League soccer match between England and Italy in Wolverhampton, Britain, 11, June 2022. EPA/ANDREW YATES

Четирите натпревари во саботата вечерта од елитната дивизија на Лигата на нациите на УЕФА завршија без победник, Англија и Италија одиграа без голови, Унгарија и Германија ги поделија бодовите со резултат 1:1, како што заврши и дуелот меѓу Белгија и Велс, додека највозбудливо беше во пресметката меѓу Холандија и Полска која заврши со 2:2.

Репризата од финалето на минатото европско првенство на празниот стадион во Вулверхемптон, бидејќи Англичаните се казнети токму поради безредијата на финалето со Италија, заврши без погодоци. Италијанците беа подобри во првиот дел, а Англичаните во вториот кога Маунт ја погоди стативата а Стерлинг ја пропушти најголемата шанса на мечот.

Унгарија и Германија одиграа во Будимпешта 1:1, а со овој резултат Германците ги завршија сите три први натпревара од овој циклус. Одличните и борбени Унгарци поведоа преку Жолт Наѓи во 6 минута, а три минути подоцна израмни Јонас Хофман. Во финишот на натпреварот упорните Германци ја пропуштија најголемата шанса кога двајца напаѓачи се најдоа сами пред домашниот гол но несфатливо Кимих направи непотребни проигрување и наместо водство, топката отиде во корнер.

На табелата водат Италијанците со пет бодови, Унгарците имаат четири, Германците три а Англичаните два бода.

Во следната Група 4 од Лигата А во Ротердам Холандија и Полска одиграа возбудлив меч. Полјаците поведоа со 2:0 со головите на родениот Англичанец Мети Кеш во 18 и Пјотр Зјелински во 49 минута. Холанѓаните успеаја брзо да израмнат со брзите голови на Деви Клаасен во 51 и Дензел Думфрис во 54 минута. Домашните имаа шанса и да дојдат до целосен пресврт, но во првата минута од шестминутното судиско продолжени вечерва индиспонираниот Мемфис Депаи гаѓаше во стативата од пенал досуден по проверка на ВАР, откако претходно од непосредна близина гостинскиот голман Скопруски одбрани на самата гол-линија а топката во рака погоди негов соиграч.

Во Кардиф, пак, Белгијците очекувано поведоа преку Јури Тиелманс во 50 минута, но во 86 минута израмни Бренан Џонсон, а а Велшаните до крајот имаа и можност да поведат но не успеаја да реализираат еден опасен противнапад.

Холандија има седум бодови, Белгија и Полска по четири, а Велс еден бод.

 

ЛИГА А:

Група 3:
Англија – Италија 0:0
Унгарија – Германија 1:1 (1:1)

1. Италија 3 1 2 0 3:2 5
2. Унгарија 3 1 1 1 3:3 4
3. Германија 3 0 3 0 3:3 3
4. Англија 3 0 2 1 1:2 2

Група 4:
Холандија – Полска 2:2 (0:1)
Велс – Белгија 1:1 (0:0)

1. Холандија 3 2 1 0 8:4 7
2. Белгија 3 1 1 1 8:6 4
3. Полска 3 1 1 1 5:9 4
4. Велс 3 0 1 2 3:5 1

 

ЛИГА Б:

Група 1:
Украина – Ерменија 3:0 (0:0)
Ирска – Шкотска 3:0 (2:0)

1. Украина 2 2 0 0 4:0 6
2. Ирска 3 1 0 2 3:2 3
3. Шкотска 2 1 0 1 2:3 3
4. Ерменија 3 0 0 2 1:5 3

Група 3:
Романија – Финска 1:0 (1:0)
Црна Гора – Босна и Херцеговина 1:1 (0:0)

1. БиХ 3 1 2 0 3:2 5
2. Финска 3 1 1 1 3:2 4
3. Црна Гора 3 1 1 1 3:3 4
4. Романија 3 1 0 2 1:3 3

 

ЛИГА Ц:

Група 1:
Фарски Острови – Литванија 2:1 (2:1)
Луксембург – Турција 0:2 (0:1)

1. Турција 3 3 0 0 12:0 9
2. Луксембург 3 2 0 1 3:2 6
3. Фарски Острови 3 1 0 2 2:6 3
4. Литванија 3 0 0 3 1:10 0