Преглед ЛШ: Дербито во Торино за Барса

Juventus FC vs Barcelona FC at the Allianz stadium in Turin, Italy, 28 October 2020. ANSA/ALESSANDRO DI MARCO

Во најочекуваниот натпревар од второто коло во Лигата на шампионите во Торино фудбалерите на Барселона го победија Јувентус со 2:0, кој настапи без Кристијано Роналдо.

И Барселона и Јувентис излегоа на теренот со изменети состави, а „Старата дама“ во овој поглед беше повеќе хендикепирани поради неиграњето на сѐ уште заразениот Кристијано Роналдо.

Каталонците, чие клупско раководство претходнава вечер си поднесе колективна оставка, мечот го запонаа многу подобро. Антоан Гризман веќе во 3 минута ја погоди стативата, а веќе во 14-та ударот на Дембеле од 20 метри го закачи Киеза и необдранливо заврши во мрежата на Шчешни.

Куриозитет на овој натпревар беа трите поништени погодоци на Алваро Мората, од кои двапати по преглед на ВАР-снимката, а се чини дека сите одлуки беа оправдани. Двапати ваквата одлука беше носена во првото полувреме.

Но Барса во секој случај не отстапи од својот стил на овој натпревар, контролирајќи ги поседот на топката и користерќи невнимание во противничката одбрана. Дембеле во тој период во 35 минута ја пропушти најдобрата шанса на мечот, всушност самиот му овозможи на Бонучи да интервенира и да спречи погодок.

Во вториот дел квалитетот на играта доживеа голем пад, за разлика од возбнудливото прво полувреме. Во 55 минута на Мората поради офсајд ВАР-от му го поништи и третиот гол на овој меч, а домашниот бек Демирал во 85 минута го доби и вториот жолт картон за груб старт, па беше исклучен. Во 90 минута во домашниот шеснаесетник Бернадески го собори Ансу Фати, а Лионел Меси ја реализираше најстрогата казна.

Во оваа Група Г, Ференцварош и Динамо Киев во Будимпешта играа 2:2, иако украинскиот претставник имаше предност од два погодока.

Гостите поведоа во 28 минута од пеналот кој го реализираше Циганков, а предноста ја удвои во 41 минута Депења. Во 59 минута Ференцварош успеа да намали преку Нгуен, а во 90 минута бод за домашните спаси Боли.

 

Во Групата Х, ПСЖ со 2:0 славеше во Истанбул против дебитантот во најелитното континентално натпреварување Башашехир. Но за парижаните ова е пирова победа, бидејќи веќе во 20 минута е повреди најголемата нивна ѕвезда Нејмар, кој така се приклучи на долгата листа повредени играчи во ПСЖ на која се Макро Верати, Мауро Икарди, Леандро Паредес, Јулијан Дрекслер и Хуан Бернат. Според првичните информации, кај Бразилецот станува збор за адукторот на левата нога.

По неизвесниот прв дел, во второто блесна црномурестиот Италијанец Моисе Кин, кој со головите во 64 и 79 минута, и во двата случаи на додавање на Килиан Мбапе го спаси ПСЖ од непријатности. Турците дури имаа и подобри шански, но брилјираше гостинскиот голман Навас.

Во вториот дуел од оваа група Манчестер Јунајтед на својот „Олд Трафорд“ со 5:0 го декаласираше РБ Лајпциг во последната четвртина од дуелот, благодарејќи на хет-трикот на Рашфорд во 76, 78 и втората минута од судиското продолжение, а меѓу стрелците се впишаа и Гринвуд во 21 и Марсиал во 86 минута.

 

Во Групата Е фудбалерите на Челзи со 4:0 славеа на гостување кај ослабениот Краснодар, во неговиот прв историски натпревар на домашен терен во Лигата на шампионите.

Челзи можеше да поведе уште во 14 минута, но Жоргињо од пенал ја погоди само левата статива. Сепак, во 37 минута гостите поведоа откако Калум Хадсон Одои со удар по средината на голот се впиша во листата на стрелците. Во 76 минута беше досуден уште еден пенал за Челзи, кој во водство од 2:0 го претвори Тимо Вернер, а само четири минути подоцна Мароканецот Зијех по додавање од Вернер зголеми на 3:0, а конечниот резултат го постави Кристијан Пулисик во 90 минута.

Во вториот меч од оваа група Севилја и Рен одиграа одличен натпревар со голем интензитет и многу шанси, а домашните победија со погодокот на Де Јонг во 53 минута.

 

Во Групата Ф во Дортмунд фаворизираната Борусија дури во 78 минута успеа да го скрши отпорот на Зенит. Санчо тогаш погоди од пенал, а Халанд погоди во судиското продолжение.

Во истата група Клуб Бриж и Лацио одиграа 1:1. Гостите поведоа во 14 минута преку Кореа, а во 42 минута белгискиот претставник изрмани преку Ванакен.