Преглед на Лигата на нациите: Франција и Португалија без голови, Англија со пресврт подобра од Белгија

Во најинтересниот натпревар во најсилната класа од Лигата на нациите на УЕФА, во недлата Англија на својот фудбалски храм лондонски „Вембли“ ја совлада Белгија со 2:1, а соочувањето меѓу светскиот и европскиот првак во Париз заврши без постигнат погодок.

Во Лигата А, во Групата 1 и двата денешни натпревата меѓу Босна и Херцеговина и Холандија и меѓу Полса и Италија завршија без голови.

Во Зенца, Босна и Херцеговина која остана без европско првенство во четвртокот против Северна Ирска, успеа да остане непоразена против фаворизираната Холандија. Гостите беа поопасни особено во вториот дел, но херој на мечот беше голманот Ибрахим Шехиќ кој одбрани неколку тешки удари.

Во Групата 1 на Лигата А во водство е Италија со 5 бодови, Холандија и Полска имаат по 4 а БиХ има два бода.

Англичаните во Групата 2 во Лигата А ја изненадија првата репрезенатација на светот според рангирањето на ФИФА, а до победата дојдоа со пресврт. Ромелу Лукако ги доведе Белгијците во Водство од пенал во 16 минута, откако беше соборен од Диер, а Маркус Рашфорд израмни во 39 минута, исто така, од пенал откако Муние го собори Хендерсон. Во 64 минута победничкиот погодок го постигна Мејсон Моунт, но со многу среќа бидејќи неговиот удар го погоди Алдервилред и го измами голманот Мињоле.

Во истата група Данска беше убедлива на гостувањето кај Исланд и славеше со 3:0, а стрелци беа Сигурјенсен постигна автогол во 45, Ериксен во 46 и Сков во 61 минута.

Во Лигата А во Групата 2 во водство е Англија со 7 бодови, Белгија има 6, Данска 4 а Исланд е без бодови.

Во Групата 3 од Лигата А дуелот меѓу Франција и Португалија не донесе спектакл каков што се очекуваше, особено во првиот дел кога и двете селекции беа премноги претпазливи. Најдобрата шанса на мечот ја имаше во 47 минута Килијан Мбпапе во 47 минута, но неговиот удар од близина го одбрани голманото Руи Патрисио, а во финишот Португалците имаа неколку опасни шутови, од кои едниот на Кристијано Роналдо го спаси голманот Љорис.

Хрватска со упорност успеа на домашен терен да слави со 2:1 над добрата Шведска. Домаќините поведоа преку Влашиќ во 31, Берг израмни во 66, а конечниот резултат го постави Крамариќ во 84 минута.

Во Групата 3 во Лигата А на врвот се Португалија и Франција со по 7 бодови, Хрватска има 3 а Шведска е без бодови.

 

Во втората по квалитет Лига Б во Групата 1 Норвепај со хетрикот на 19-годишниот голгетер Хааланд во 13, 64 и 74 минтуа и со погодокот на Серлот во 39 минута со 4:0 ја победи Романија.

Австрија со погодокот на Грегоришч во 42 минута славеше кај Северна Ирска.

На табелата од Групата 1 во Лигата Б на врвот се Норвешка и Австралија со по 6 бодпови, Романија има 4 а Северна Ирска еден бод.

Во Групата 2 во Лигата Б, Чешка победи на гостувањето кај Израел со 2:1. Чесите поведоа со автоголот на Хана во 14 а го удвоија водството во 48 минута преку Видра, додека надежите на Израелците во 56 минута ги врати нивниот најдобар поединец Захави.

Словачка беше поразена на гостувањето кај фаворизираната Шкотска, за која голот за три бода го постигна Дикес.

На табелата во Групата 2 во Лигата Б и натаму води Шкотска со 7 бодови, Чешка има 6, Израел два а Словачка еден бод.

Во Групата 3 во рамките на Лигата Б, Србија по успехот кај Норвешка во плејофот од минатата сезона, во Белград загуби од Унгарија со 0:1 со погодокот на Норберт Конјвес во 20 минута,

Во истата група Русија поведе со голот на Миранчук во 28 минута, но Турција освои бод на гостувањет со погодокот на Краман во 62 минута.

Во Групата 3 од Лигата Б на врвот на мини-табелата е Русија со 7 бодови, ја следи Унгарија со 6, Турција има два а Србија еден бод од три кола.

Во Групата 4 Ирска и Велс одиграа без погодок, а Финска дома со головите на Тејлор во 52 и Јенсен во 67 минута со 2:0 ја совлада Бугарија.

Во Групата 4 од Лигата Б, Велс води со 7 бодови, Финска го следи со 6, Ирска има два а Бугарија еден бод.

 

Во Лигата Ц во Групата 2 Македонија успеа да извлече бод на гостувањето кај потценетата Естонија со анулирање на водството на домаќинот од 3:1 на конечните 3:3, покрај тоа и не реализираше пенал.

Истовремено Ерменија и Грузија одиграа исто така драматичен меч во кој домашните израмнија на 2:2 во последните моменти од дуелот.

Во Групата 2 од Лигата Ц, Македонија и Грузија имаат по 5 бодови, Ерменија има 4 а за Естонија ова беше првиот бод по двата воведни пораза.

Во Групата 3 од Лигата Ц Грција со 2:0 ја победи Молдавија, а Словенија со голот на Вукчич во 22 минута го победи на гости Косово.

Во Групата 3 од Лигата Ц на табелата Грција и Словенија имаат по 7, а Косово и Молдавија по еден бод.

Двата меча во рамките на Групата 4 од Лигата Ц завршија без победник. Казахстан и Албанија одиграа без голови, Литванија и Белорусија пак 2:2.

Сите репрезентации во Групата 4 од Лигата Ц по трите одиграни кола имаат по четири бодови.