Преговорите за светскиот договор за идните пандемии ќе почнат во февруари 2023-та

Преговорите за нацрт глобалниот договор за подобра борби против следните пандемии ќе започне кон крајот на февруари 2023 година, објави во средата Светската здравствена организација (СЗО – WHO).

Сто деведесет и четири држави и региони членки на СЗО на тридневниот во Женева се согласиле да „развијат првиот нацрт на правно обврзувачкиот договор осмислен да го заштити светот од идните пандемии“, се истакнува во соопштението за јавноста.

„Во овој концептуален прелиминарен нацрт договор за пандемијата … ќе дискутираат“ на 27-ми февруари 2023-та“, прецизира СЗО.

Најавата доаѓа неколку дена по третата годишнина од првото откривање на вирусот SARS-CoV-2 кој ја предизвикува болеста Covid-19 во Кина, кој следната година се прошири низ светот предизвикувајќи ја пандемијата, која во контрадикторните приоди и сфаќања, од СЗО беше оценета како најлошата во овој век. Всушност станува за првата, по промената на правилата за прогласување на пандемија.

Покрај милионите смртни случаи и, веројатно, последиците од вирусот кои ќе се чувствуваат со години, пандемијата на површината ја исфрли големата егоистичност на ниво на држава, политичките манипулации со пандемијата, и во прв ред нееднаквост во пристапот до негата и лековите како резултат на финансиски и социјалните состојби на различните земји во светот.

Бирото на меѓувладиното преговарачко тели, коешто се состои од по еден претставник од секој од шесте региони на СЗО, ќе биде одговорно за изработка на текст или „нулти нацрт“ кој ќе служи како основа за преговорите на државите членки.

Членките на СЗО едногласно го покренаа процесот на изнаоѓање договор за борба против пандемијата кон крајот на 2021 година, се додава во соопштението. Планот е правно обврзувачкиот текст да биде донесен пролетта 2024 година.

„Одлуката да ни се довери задачата за изработка на нацрт договорот за пандемија претставува голем чекор кој посигурен свет“, изјави Роланд Дрис, еден од членовите на Бирото на меѓународното преговарачко тело.

„Постојат многу работи кои треба да се променат пред да го потврдиме (договорот). Исто и за многу земји членки, веројатно мнозинството“, изјави за новинарите главната американска преговарачка Памела Хамамото.

Петер Сандс, која е на чело на Глобалниот фонд за борба против СИДА-та, туберкулозата и маларијата, вели дека „постоењето на еден убав договор (…) ќе има само делумно влијание на ефикасноста на нашиот одговор“.