Сообраќајот на патот А2 Кичево- Охрид помеѓу планински превој Пресека и село Врбјани, утре ќе биде во прекин во интервали од 15-20 минути, помеѓу 14- 15 часот поради изведување минирање на патот.
Од истите причини и задутре сообраќајот на таа делницата кај Извор ќе биде во прекин во интервали од 15- 20 минути, помеѓу 16 и 17 часот.