
Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 26.10.2021 година ( вторник ) поради уличен дефект од ф – 80 мм на ул. 9 – ти Мај бр.5 во населба Центар, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците: Роза Луксембург и Диме Аницин, како и дел од корисниците од улиците Митрополит Теодосиј Гологанов, Костурски Херои, Христо Смирненски, 9 – ти Мај, Петар Поп Арсов и Васил Стефановски. ( општина Центар )