Претпландето во недеалта по одделни котлини во Македонија ќе има појава на магла, преку денот ќе биде променливо облачно со слаб до умерен, а попладне долж Повардарието повремено засилен јужен ветер.
Попладне во западните делови ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират на повеќе места.
Утринската температура се движеше од -3 до 1 степен, додека дневната од 8 до 15 Целзиусови степени.
Во понеделник ќе биде претежно облачно со пообилни врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе надминуваат 20 л/м2 . На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса, во текот на ноќта врнежите ќе преминат во снег понекаде и на повисоките места.
Во вторник поради спуштање на постудена воздушна маса ќе настапи заладување со засилен северен ветер, а врнежите од дожд, ќе преминуваат во снег и на некои пониски места. На планините и на некои од повисоките места ќе се формира нова снежна покривка.