На Инфективното одделение при велешката Општа болница синоќа починаа две жени на 57 и 86 годишна возраст од Велес. Тие се дванаесетта и тринаесетта жртва починати во велешката болница од почетокот на минатата недела.Синоќа на Инфективната клиника во Скопје, пак, почина и Игор Ангеловски, поранешен началник на СВР Велес, кој се лекуваше во велешката болница па беше префрлен на Инфективна во Скопје.
Како што информира д-р Весна Неделковска Николова портпарол на ЈЗУ Општа болнца Велес, едната пациентка која почина синоќа е на 57 години со прекумерна телесна тежина и хипотиеоза примена во болницата на 25 октомври и со многу ниска сатурација на кислород, 86-годишната жена со хипертензија е примена на Инфективно одделение при велешката Општа болница на 19 октомври.
Моментално на Инфективното одделение при велешката Општа болница се хоспитализирани 41 пациент од кои 33 потврдени и осум сомнителни кои чекаат резултати од тест, а 13 пациенти се на кислородна поддршка.
Од почетокот на епидемијата на Ковид-19, во Велес и велешко досега починаа 29 лица.