Фудбалерите на Фулам со пресврт остварија домашна победа од 2:1 над Арсенал, а Тотенхем убедливо со 3:1 го совлада на гостувањето Борнмаут во неделните натпревари од 20. коло на англиската Премиер лига.
Арсенал поведе на „Крејвен Котиџ“ во 5. минута, кога Букајо Сака ја затресе мрежата на Фулам. Домашните израмнија во 29. минута, а стрелец беше Мексиканецот Раул Хименез. Стрелец на голот за конечните 2:1 беше Јамајканецот Боби Де Кордова-Рид во 60. минута.
Тоа беше втор последователен пораз за Арсенал, а трет во последните пет кола, па избраниците на Микел Артета останаа на четвртата позиција со 40 бодови. Фулам по три последователни пораза ја постигна седмата прввенствена победа и со 24 бода скокна на 13-та позиција.
Тотенхем на својот стадион го победи Борнмаут со 3:1 и со 39 бода се доближи до пласман на местата кои водат Лигата на шампионите. Борнмаут, пак, остана на 12-ти место со 25 бодови.
Сенегалецот Папе Матар Сар ги стартуваше гостите во 9. минута, а во последните 20 минути победа на Спарс им донесоа корејскиот репрезентативец и капитен на тимот Сон Хеунг-Мин во 72. и Бразилецот Ричарлисон во 80. минута. Поразот на Борнмаут го ублажи 20-годишниот Алекс Скот во 84. минута, со што стана најмладиот стрелец на клубот во натпреварите од англиската Премиер лига.
Во понеделник, во 21 часот водечкиот Ливерпул со 42 бода ќе го пречека Њукасл Јунајтед, а 20. коло ќе биде заокружи во вторник во 20.30 часот дуелот на Олимпискиот стадуот во Лондон меѓу Вест Хем Јунајтед и Брајтон.