Премиер лига: Ливерпул повторно само бод зад Сити

Фудбалерите на Ливепрупл го совладаа Евертон со 2:0 во градскот „Мерсисајд дерби“ одигано во неделата на нивниот „Енфилд“ во рамките на 33-то коло до англиското првенство, со што на пет кола пред крајот и натаму се бод заостанување зад водечкиот Манчестер Сити.

Победата на „црвената“ страна на Ливепрул ја донесоа Ендрју Робертсон со погодокот во 62 и Дивок Оруги во 85 минута. Целоснатата доминација на фимот на Јирген Клоп беше материјализирана дури во вториот дел кога Мохамед Салах нафлри а Робертсон со глава од пет метри ја испрати топката во мрежата на Евертон. Во финишот на дуелот Луис Дијаз се обиде нафрлувањето од Хендерсон да го заврши со акробатски волеј, но топката на патот кон голот дојде до Ориги кој од непосредна близина со глава ја сврти во мрежата.

Манчестер Сити од 33 кола собра 80 бодови, додека Ливерпул 79 бодови, а Евертон со 19 порази и само 29 бодови од 32 кола е на 18-то место и му претстои тешка борба за опстанок во Премиер лигата.

Челзи во возбудливата завршница во лондонската пресметка на својот „Стенфорд Бриџ“ со 1:0 го совлада Вест Хем. Кон крајот на дуелот, во 86 минута Грег Даусон беше исклучен поради прекршок над Ромелу Лукаку во изгледна шанса за погодок во казнениот простор. Пеналот го изведе Жоргињо, но неговиот удар го одбрани голманот Фабијански. Четири минути подоцна грашката ја поправи Кристијан Пулишик, со голот по асистенција на Маркос Алонсо.

Челзи со 65 бодови цврсто го држи третото место со натпревар помалку од четвртиот Арсенал кој има 60 бодови. Вест Хем остана на седмото место со 52 бодови, два помалку од Манчестер Јунејтерд кој е на шестата позиција, последната којашто води во европските натпреварувања следната сезона.

Минимална победа, но голема во борбата за опстанок оствари Барнли кој на домашен терен со 1:0 го совлада Вулвехмептон. Стрелец беше Чејот Матеј Видра во 62 минута.

Барнли со 31 бод привремено ја напушти зоната на испаѓање, со два бода повеќе, но и две натпревара повеќе од Евертој кој е 18-ти.

Брајтон и покрај водството од два гола ремизираше со 2:2 со Саутетмптон. За домашните стрелци беа Дани Велбек во 2 а во 44 минута Мохамед Салису постигна автогол, а двоен стрелец за гостите беше Џејмс Вард-Проус во четвртата минута од судиското продолжение на првото полувреме и во 54 минута.

Брајтон е 11-ти со 41 бод, а Саутемпон има бод помалку и е две места подолу на табелата.