Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Брентфорд со 1:0 во заостанатиот натпревар од 18. коло во англиската Премиер лига, одигран во вторник на стадионот „Етихад“.
Стрелец на голот во 71. минута беше норвешкиот репрезентативец Ерлинг Халанд. Тоа беше 17-ти првенствен гол за водечкиот стрелец во Премиер лигата оваа сезона.
Халанд ја затресе гостинската мрежа и во 80. минута, но голот беше поништен поради офсајд позиција во која се најде Кајл Вокер, кој му ја додаде топката на Норвежанецот.
Со 17-та победа сезонава, Манчестер Сити стигна до 56 бода и заостанува само еден бод зад лидерот Ливерпул. Арсенал падна на третото место со 55 бодови. Брентфорд има 25 бода и се наоѓа на 14-та позиција, пет бода над зоната за испаѓање.