Премиер лигата дозволува тренинзи со контакт

Дваесетте клубови во англиската Премиер лига во средата едногласно изгласаа продолжувње на тренизнсите со дозволен контакт, што претставува важен чекор кон продолжување на првенството/

Тренинзите без контакт и во помали групи од по пет играчи беа дозволени од минатата седмица, но отсега клубовите „ќе можат да тренираат колективно (до десет играчи), при што се дозволени блиски контакти со цел да се одземе токпата, но и натаму се ограничува непотребната физичка близина“, се наведува во соопштението.

„Приоритетот на Премиер лигата е здравјето и безбедноста на сите учесници“, се додава.

Објавата дека може да започне ткн Фаза 2 следеше по обемното тестирање на играчите и на членовите на стручните штабови, при што беше утврдено дека осум лица се заразени, меѓу кои се бекот на Вотфорд, Адријан Мариапа, и помошниот тренер на Барнли, Јам Воан, чии имиња се објавени.

Во Англија не е одигран ниеден фудбалски натпревар на ниедно ниво од март, кога пандемијата од новиот коронавирус го блокираше спортот во целиот свет.

Премиер лигата сигнализираше дека сака продолжување на првенството на 12-ти јуни, но сега се чини дека тоа сепак ќе се случни подоцна.