Пред делчевчани синоќа премиерно беше прикажан филмот „Господ постои, името и е Петрунија”. За актерката Зорица Нушева, инаку родена делчевка, беше посебно чувство како актерка во филм кој имаше успешна приказна зад себе, да им се претстави на своите сограѓани.
Посебно е чувството што граѓаните на Делчево конечно ќе можат да го видат филмот. Исклучително сум благодарна за целата поддршка и целата љубов што ја добив од сите. Со прикажувањето на филмот во киносалите на некој начин продолжува да живее приказната која зборува за стереотипите на денешницата, филм кој ја носи пораката за еднаквоста и еднаквото право на сите, рече Нушева.
Додаде дека по премиерата на Берлинале, филмот беше дистрибуиран во цел свет, учесник е на многу фестивали, а се очекуваат уште многу гостувања на фестивалите ширум светот.
„Господ постои името и е Петрунија”, во Делчево ќе се прикажува и денес и утре 22 мај со почеток во 20 часот. Прикажувањето на филмот се реализира како дел од свечената едно неделна програма во рамки на одбележувањето на 24 Мај – Ден на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј кој е патрон на градот Делчево.