Премиерите на Полска, Чешка и Словенија пристигнаа во Киев и ќе се сретнат со Зеленски

Премиерите на Полска, Чешка и Словенија пристигнаа во Киев и во 19 часот по средноевропско време треба да се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави Би-Би-Си, повикувајќи се на чешки медиуми.

Матеуш Моравјецки, Петер Фиала и Јанез Јанша имаат намера да изразат широка поддршка за Украина со нивната симболична посета, која треба да покаже европска солидарност со украинскиот народ.

Тројцата премиери, како што се наведува, утрово ја минале границата со Украина и го продолжиле патувањето со воз до главниот град.

Тие доаѓаат во Киев во време кога Русија продолжува со нападите врз украинската престолнина.

Во Киев е прогласен полициски час од 20 часот во вторник до 7 часот наутро во четврток.