Американската компанија „ALK Capital“ од четвртокот е новиот мнозински сопственик на фудбалскиот клуб Барнли, кој моментално е 16-то пласиран на табелата на англиската Премир лига, соопштија од клубот од северозападна Англија.
„ALK Capital“ е инвестициска групација специјализирана за вложувања во спортскиот и во медиумските сектор, а го откупи контролниот пакет од 84 акции на Барнли. Извршниот директор на компанијата, Алан Пејс, ја презема улогата претседател на клубот од Мајк Гарлик кој со својот досегашен партнер Џон Вилијем Банашкиевич ќе останат во управниот одбор на Барнли.
„Со богатото наследство, брилијантна академија и страствена навивачка база, овој клуб има солидни основи на кои можеме да продолжиме да градиме. Ова е почеток на возбудливо патување за целото ‘кларетско’ семејство“, наведува во писмената изјава Пејс.
Со тоа Барнли стана уште еден во низата англиски фудбалски клубови кои се во американска сопственост, приклучувајќи се во друштвото на најтрофејните англиски клубови, великаните Ливерпул кој е во сопственост на „Fenway Sports Group“ и Манчестер Јунајтед со кој управува семејството Глејзер.
Преземањето од страна на новиот сопственик дојде во најдобриот момент тоа да се случи за Барнли, бидејќи пред англискиот клубови е почетокот на зимскиот преоден рок за фудбалерите, во кој со новиот капитал ќе можат да ја засилат екипата и да ги зголемат своите шанси во борбата за опстанок во Премиер лигата.