Премиерот на Перу, неочекувано, поднесе оставка

Перускиот премиер Анибал Торес денеска, неочекувано, поднесе оставка од функцијата.

Во објавата на Твитер тој посочи дека оставката е од „лични причини“.

Оставката на премиерот доаѓа во време на проширување на криминалните истраги насочени кон перуанскиот претседател Педро Кастиљо, а Торес се смета за еден од неговите најлојални сојузници.

Против Кастиљо се водат пет кривични истраги, од кои две истражуваат дали е член на криминална организација. Претседателите на Перу може да бидат под истрага додека се на функција, но не можат да бидат обвинети.