![gr-opusteno](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/01/gr-opusteno.jpg?resize=500%2C667&ssl=1)
Македонскиот премиер, Никола Груевски вечерва ќе биде дел од „Опуштено“.
Тој заедно со македонската поп-пејачка Каролина Гочева се гости на Тони Михајловски и Део. Љубовта кон боксот уште еднаш беше потенцирана.
Премиерот Груевски го научи најмладиот домаќин на „Опуштено“ неколку правила во омилениот спорт – боксот.
Премиерот во едно „опуштено“ издание, вечерва ќе зборува за теми од секојдневието, а политиката за момент ќе биде оставена на страна.