Воспоставен е безбеден пат за бродови преку Азовското Море, соопшти руската војска. Маршрутата беше отворена откако Москва извести дека ги неутрализира морските мини од областа и го направи пристаништето Мариупол безбедно за работа.
Преминот од Азовското Море до Црното Море е долг 115 милји и широк две милји, според изјавите на војската. Тој е достапен за сообраќај секој ден помеѓу 8:00 и 19:00 часот по локално време, според руското Министерство за одбрана.
Посебниот поморски коридор во Црното Море, долг 80 милји, широк три милји, веќе извесно време го одржува руската морнарица и останува отворен за сообраќај.
Москва ја обвинува Украина дека двете мориња што ги дели со Русија ги направила небезбедни за цивилните бродови. Киев нареди распоредување на морски мини во близина на неговите брегови за да се избегнат можните амфибиски напади од страна на Русија.
Видовите мини што ги користи се со релативно стар дизајн и може да се откачат од нивните сидра за време на бури и слободно да пловат, што претставува закана за превозот. Најмалку еден, наводно, тргнал кон Турција кон крајот на март и бил уништен за да се заштити сообраќајот низ Босфорот.
Во вторникот, руската војска објави дека завршила со обезбедување на пристаништето Мариупол и водите во близина на него. Миноносителите и експертите за уривање обезбедија 1,5 милиони квадратни метри од морето, 50 километри од брегот, пристанишните структури и 32 бродови закотвени во пристаништето. Вкупно 12.000 експлозиви се пронајдени и оневозможени, се вели во извештајот, соопшти Министерството за одбрана.
Мариупол беше едно од најпрометните пристаништа во Украина пред рускиот напад врз земјата. Сместено е на североисточниот брег на Азовското Море и за него Народната Република Донецк тврди декс е дел од нејзината територија.
Градот беше под целосна контрола на руските сили претходно овој месец, откако украинските трупи кои се засолија во челичарницата Азовстал се предадоа. Фабриката се наоѓа на околу 6 километри од главното градско пристаниште, така што додека таму беа присутни украинските сили, водите кај Мариупол не беа целосно безбедни.