Кога ќе го прочитате извештајот на Европскатата комисијаК, ќе видите дека онаа глупост која ја кажа Ковачевски дека опозицијата била полошо оценета од власта, ќе видите дека таму се оценуваат институции, а не власт и опозиција и дека од прва до последна институција се кадар на ДУИ, изјави пратеникот од коалицијата „За обнова на Македонија“ Љупчо Пренџов за „Аргумент плус“ на ТВ24.
Тој посочи дека според Парламентарниот институт кој ги прави анализите и оценките на извештаите до ден денешен, најдобриот извештај Македонија го имала во 2011, а вториот најдобар бил во 2009, а најлошиот во историјата бил во 2021, а вториот најлош извештај е овој сега во 2022 година.
Пренџов истакна дека тоа е така заради оваа власт која поради своето однесување има и ниски рејтинзи кај граѓаните.
„Не јас и опозицијата, туку (парламентарниот спикер, Џафери) Талат пцуеше во Собрание и цела Македонија го гледаше. Не јас и опозицијата, туку мнозинството не сакаше да овозможи ниту комисија за да се утврди дали е пристоен или непристоен пратеник и претседател на собрание. Не јас и опозицијата, туку власта пушта 81 закон по скратена постапка. Власта во договор со ДУИ стави европско знаменце на закон за игри на среќа, нагласи Пренџов.
Додаде дека опозицијата не го кочи и не ја оневозможува работата на Собранието, туку власта е таа која работи спротивно за деловникот и законите и затоа е таа ниска оценка во извештајот на Европската комисија.
„Разликата меѓу активна блокада и кршење на деловникот е следна што јас имам право по точка да зборувам еден или два часа и тоа ми го дозволува законот, а мнозинството нема право ни по деловник ни по закон да носи точка од комисија незавршена без известител на пленарна седница и тоа на шверцерски начин, и да се гласа по неа“, изјави Пренџов.