![mumu](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/07/mumu.jpg?resize=690%2C399&ssl=1)
Како пратеник во Собранието на Р. Македонија жестоко ќе се борам против било какви обвиненија против било кој новинар засновани на тоа, што и како објавил новинарот. Секоја држава има строго доверливи информации. Истите ги чуваат строго доверливи службеници.
Во ситуација во која службите и обвинителството ни се како “швајцарско сирење”, односно информации излегуваат на дневна основа…ОЈО одлучува да гони новинар кој само го објавил она, кое други, злоупотребувајќи ја службената положба и овластуања го изнеле од своето работно место. Не можат меѓу своите, удри по новинарите. Не можеш по магарето, удри по самарот.
Новинарот е должен да објави сè што смета дека е во сферата на јавен интерес. Така е во секоја демократија, така ќе биде и кај нас.
Ова само зборува, какви псевдоевропјани управуваат со витални институции?!