Не би било пресврт доколку гледаме објективно ако Стефче Јакимовски победи во општина Карпош, тој го победи кандидатот на СДСМ и во 2013 година. Тогаш на СДСМ кандидат беше Андреј Петров, а во тој период го обвинуваа на пример зошто се саделе цвеќиња на „Партизанска“, рече во вторникот Љупчо Пренџов од ГРОМ на гостувањето во емисијата „Студио 10“ на телевизија 24.
„Коалицискиот капацитет на СДСМ најдобро се виде на една дебата во која беше Петре Шилегов, а останатите и оние блиски до нив рекоа дека нема да гласаат за него. СДСМ се плаши од коалицискиот капацитет на опозицијата“, вели Пренџов.
Според него, е јасно доколку се гледа трендот во првиот круг дека СДМС ќе губи и во втор изборен круг.
„На пример и да победи Максим Димитриевски во Куманово, тоа нема врска со СДСМ, тоа е нивни пораз. Неговата кампања и делување не личи на ништо што прави СДСМ“, вели Пренџов.
Според пратеникот на ГРОМ, СДСМ нема никаков коалициски капацитет и затоа скопскиот градоначалник на заминување Петре Шилегов, како кандидат на владејачакта коалиција, нема да мине добро и во втор круг, откако во првиот заостанува зад Данела Арсовска која е поддржана од опозицијата.
„За разлика од негом Данела Арсовска е освежување на политичката сцена, а тоа му е потребно и на Скопје“, оцени Пренџов.