Препорака со измени на условите за користење на лекот Ремдесивир во ЕУ

Европската агенција за лекови денеска препорача усвојување измени на критериумите за издавање на условна лиценца за лекот Ремдесивир во Европа.

Целта е да се разјаснат условите под кои Ремедесивир може да се користи како терапија за ковид-19.

Новите услови предвидуваат дека лекот може да се користи кај пациенти на кои им е потребен кислород или друга неинвазивна вентилација на почетокот на терапијата.

Ремдесивир веќе е индициран за употреба кај пациенти постари од 12 години, со минимална тежина од 40 килограми, кои имаат пневмонија и на кои им е потребна поддршка при дишење.