Деновиве зголемен е бројот на лицата кои се жалат на стомачни проблеми, коишто се манифестираат преку мачнини, повраќање и со дијареа, но со приржување до следноте мерки може да се заштитите од вирусот или, пак, да се излечите.
Цревната вироза, т.н. стомачен грип, го зафатил речиси целиот Балкан. Бројот на заболени е сѐ поголем, а мачнина, повраќање, дијареа, висока температура, главоболка и грчеви во стомакот го „зафаќаат” целото семејство.
Затоа ви носиме неколку клучни совети на кои би требало да обрнете внимание, како да се зачувате, но и кога задолжително мора да посетите доктор.
Како да се заштитите
Стомачните вируси најчесто се манифестираат како воспаление на желудникот и дебелото црево. До тоа доаѓа поради акумулација на слузницата и остатокот на отпад во телото. Се пренесува преку храна и пијалаци, а најмногу преку валкани раце, односно нехигиена.
Затоа, во сезоната на стомачни вируси, миење на рацете е најдобра превентива, особено ако сте биле во контакт со веќе заболени лица. Исто така, препораката е да го зајакнете својот имунитет со исхрана и со избор на здрави намирници.
Што да пиете
Кога се во прашање стомачните вируси, најважно е да внимавате телото да не ви дехидрира, а тоа може да се случи многу лесно, бидејќи желудникот е изиритиран и не поднесува храна и пијалак. Па така, сѐ што внесувате во телото, буквално поминува низ него и излегува надвор.
За да не дојде до дехидрација, важно е да внесувате што е можно повеќе течности, но не било кои. Ладна вода, сокови и други слатки напитоци не доаѓаат предвид.
Идеален избор се супите од кеса, кои освен со течност, телото го надокнадуваат и со загубените електролити.
Исто така, благите чаеви, како оној од камилица и свеж ѓумбир, ќе ви ги намали симптомите на мачнина, а лекарите секогаш препорачуваат да се пие руски или друг црн чај. Меѓутоа, овие чаеви треба да се пијат чисти, односно без никакви додатоци, како што е медот, шеќерот, лимонот или млекото.
Што да јадете
Што се однесува до храната, најдобар избор е чист ориз, сварен само во вода, со малку сон или коцка за супа. Идеално би било оризот да го сварите во поголема количина течност, за да може паралелно да се пие.
Исто така, за смирување на стомачните тегоби, може да помогне и двопек, печен тост, грисини и сув леб. Од останатата храна, после првата тврда столица може да земете малку банана или јогурт.
Сѐ додека симптомите целосно не се повлечат, од останатата храна треба да избегнувате буквално сѐ, а особено меснати и млечните производи.
Треба ли да ја симнувате температурата
Ако имате покачена телесна температура, немојте веднаш да ја симнувате со лекови. Дајте му шанса на имунитетот сам да се избори со треската.
Притоа, некои од лековите за симнување на температура, може дополнително да го надразнат желудникот и другите органи за варење, па попаметно е да ги избегнувате, барем на почетокот на вирусот.
Кога треба да почнете да се грижите
Кога се стомачните тегоби во прашање, тие обично помнуваат за еден до два дена. Нормално, советот е да останете дома сѐ додека не ви се подобри состојбата.
Меѓутоа, доколку температурата никако не се намалува, а дијареата и повраќањето траат повеќе од неколку дена, во столицата сте забележале крв или болките во стомакот никако не престануваат – задолжително посетете лекар!