Сексот со партнер во кој сте заљубени е страстна афера која ве остава без здив. Без генерализирање, но, гестовите на љубов се разликуваат кај двата пола, а заљубен маж се однесува и поинаку во кревет. Затоа, ако жените внимателно ги анализираат своите партнери за време на интимните моменти, тие можат да дознаат многу.

Избегнува контакт со очите

Очите имаат голема моќ да бидат огледало на чувствата. Можете да погледнете длабоко во срцето на едно лице преку одразот во нивните очи. Кога машкото е заљубено во Вас, тој нема да зјапа во таванот или надвор низ прозорецот чекајќи го крајниот чин од сексот.

Токму напротив, жената ќе забележи колку тој ужива и се труди околу моментот. Неговите емоции ќе допрат до вас без употреба на зборови, а неговите очи ќе го откријат некажаното. Затоа жени, ова нека Ви биде прв показател за љубов. Читајте од неговите очи и ќе знаете дали вреди да останете со партнерот.

Тој не води љубов со Вас, туку има секс

Се разбира дека постои голема разлика меѓу секс и водење љубов. Ако вашиот партнер е само за краток сексуален однос, без споделување нежности, притоа неземајќи го предвид вашето задоволство тогаш не станува збор за љубов.

Сепак мажите се водат и од инстинкт на „празнење“, па веројатно Ве гледа само како сексуален објект. Мажот кој Ве сака треба да биде трпелив, љубезен и внимателен за вашите потреби и не треба да гледа на сексот како на маратонска изведба.

Не сака нежности после сексот

Ако по сексот, тој скокне од креветот и се облекува за да продолжи со својот ден, тогаш имате право да ја ставите под прашалник неговата љубов кон Вас. Сигурно ова Ви се случило барем еднаш во животот и знаете колку боли да Ви го „украде“ моментот на разменување прегратки после интимниот однос.

Ако партнерот често избегнува да остане покрај Вас и да Ве држи в прегратка, тогаш веројатно тој не е најдобриот избор за животен партнер.

Тој цело време се жали ако правите грешки

Маж кој вистински Ве сака сигурно нема да се жали и „лигави“ ако направите грешка за време на сексот. Вие не може да бидете професионалец во чинот, но ако се обидете, а некаде згрешите, тој сепак ќе го цени тоа без двоумење и секако нема да се лути!

Екстремно заљубен човек ќе Ве прифати со сите ваши недостатоци и всушност ќе Ве охрабри да ги подобрите „мааните“ за наредниот пат. Ако тој го стори спротивното, бидете сигурни дека не треба да останете со овој човек, бидејќи малите жалби постепено ќе се претворат во поголеми проблеми.

Ве бакнува се’ поретко и пократко

Бакнежите се печат на љубовта! Постојат силни и чувствителни нервни завршетоци на нашите усни кои ги примаат сигналите на љубовта, па затоа бакнежот е најинтимниот допир на почетокот на секоја врска.

Еден бакнеж ја има моќта да го поттикне целото битие. Заљубен маж ќе биде навистина ангажиран во чинот на бакнување. Ќе ги почувствувате неговите потреби за Вас, неговата страст и емоции, а исто така и колку копнее да сте во неговиот живот! Само посветете повеќе внимание…

На крајот на краиштата никој не е апсолутно способен да одглуми љубов. Љубовта е емоција која или ја има или ја нема. До толку е едноставно и не би требало да се глуми…