Обвинетите во случајот „Фаланга 2“ денеска се произнесоа околу измените на обвинението во кое се додадени нови кривични дела. Адвокатот Звонко Давидовиќ, вели дека во постапката досега не се докажало дека се работело за артефакти, како и дека верува во неспристрансното македонско судство .
Давидовиќ додаде дека до крајот на јули треба да биде донесена пресудата за случајот „Фаланга“ кога и истекува временскиот рок од една година притвор за обвинетите.
„Пресудата треба да биде донесена до крајот на јули кои и истекува едногодишниот притвор за обвинетите. Не постои ниеден доказ тие сториле кривично дело освен изјавата на сведокот Иле Николов. Но, јас верувам во македонското судство и не се сомневам дека ќе ја донесат вистинската одлука“, изјави Давидовиќ.
Во случајот „Фаланга 2“ обвинети се 19 лица, од кои 9 се во притвор, пет се бранат од слобода, а едно е во домашен притвор. Со новите кривични дела опфатени се 16 лица, од 19-те обвинети.