Фудбалерите на Волфсбург во петокот вечерта со пресврт оставрија домашна победа од 2:1 над франкфуртски Ајнтрахт во премиерниот меч од германскот првенство, со која привремено напредуваат на табелата.
Ајнтрахт дојде во водство во 63 минута со погодокот на Холанѓанецот Бас Дост од пенал. Играч на натпреварот за домашните беше Вут Вегхорст кој прво во 76 минута реализираше најстрога казна а потоа на две минути пред крајот на регуларните 90 го постигна и победеносниот погодок.
Со новите три Волфсбург дојде до вкупно 21 бод со кој е на четвртото место на табелата, колку што има и третиот РБ Лајпциг, еден зад второпласираниот Баер Леверкузен и два помалку од водечкиот Баерн Минхен, а најблиску му е петтопласираната Борусија Дортмунд со 19 бодови. Ајнтрахт моментално го задржа 9-то место со 13 бодови.
Во сабота се играат шест натпревари а во нив се среќаваат: Борусија – Дортмунд, Фрајбург – Арминија, РБ Лајпциг – Вердер, Мајнц – Келн, Борусија – Менхенгладбах и Унион Берлин – Баерн Минхен.
Во недела во германското првенство ќе се одиграат преостанатите два наптревара од ова коло во кои се соочуваат Аугсбург – Шалке и Баер Леверкузен – Хофенхајм.