Германските обвинители кои го истражуваат новиот осомничен во случајот за исчезнувањето на Медлин Мекен тврдат дека девојчето е мртво.
Јавниот обвинител тоа го соопштил денеска на конференција.
Властите рекле дека тој случај го третираат како убиство и утврдиле дека девојчето е убиено.
Никогаш не било пронајдено телото.
Официјалната најава ќе послужи како потресен удар на нејзините родители, Кејт и Гери Мекен, кои никогаш не се откажале од надежта дека ќерката ќе си ја најдат жива.
Обвинителите во врска со овој случај дале изјава денеска, бидејќи дале значајни информации откако најавиле дека германскиот осуден сексуален предатор го третираат како осомничен.
Меди исчезна на тригодишна возраст од португалското летувалиште во кое престојувала со семејството.
Синоќешната најава претставува значајно движење во тој случај, кој остана нерешен 13 години.
Властите го испитуваат 43-годишниот Германец поради сомнение за убиство.
„Од ова се гледа дека претпоставуваме дека девојчето е мртво“, изјавил за медиумите државниот обвинител Ханс Кристиан Волтерс.
43-годишниот Германец во моментов издржува 7-годишна казна во германскиот затвор, а германските власти го опишале како осуден сексуален престапник.