Претепан фудбалски судија, одложено колото во Грција

Следното коло од грчкото фудбалско првенство, коешто требаше да се одржи викендов, е одложено откако арбитрите најавија штрајк по уште еден физички напад на нивен колега.

Фудбалските арбитри најавија штрајк отакако во средата пред неговиот дом во Лариса беше претепан судијата Танасис Цилос, кој инаки е на листата на светската асоцијација ФИФА.

Четворица маскирани напаѓачи му пришле на Цилос и го претепале. Судијата со повреди на главата и ногата е пренесен во болница каде што е задржан на лекување. Соседите кои биле очевидци на бруталниот напад ја повикала екипата на итната помош.

Ова е дури 27-от напад врз грчките фудбалски судии во последните девет години. Грчкото фудбалско првенство во март годинава беше прекинато на три седмици поради дивеење на навивачите, и откако сопственикот на ПАОК, Иван Савидис влета на теренот со пиштол во појасот.