Претежно облачно и посвежо, попладне дожд а на планините снег

Во средата во Македонија ќе преовладува претежно облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд а на планините од снег, изестуваат од Управата на хидрометеорлошки работи.

Попладне и во текот на ноќта на места врнежите ќе бидат пообилни, а поради продор на постудена воздушна маса со засилен северен ветер ќе преминуваат во снег на повисоките и на некои пониски места, особено во западните делови. На планините ќе се формира нова снежна покривка, а помала и на некои повисоки места.

Утринските температури се движат од 0 степени на повиските места на западот и истокот од земјата до 5 степени на југот, а преку денот соодветено ќе се движат во интервалот меѓу 3 и 12 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината, исто така, ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта кога ќе дува и засилен северен ветер. Максималната температура ќе се искачи до 10 степени.