
На територијата на Македонија во чевртокот и натаму продолжува стабилната временска состојба, па ќе преовладува претежно сончево и топло време.Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринските температури се движат во интервалот од 3 до 9, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат од 20 до 29 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска, исто така, ќе преовладува сончево и топло време, со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне 28 степени.