Претежно сончево со утринска магла

Наутро по одделни котлини има појава на магла или ниска облачност, додека преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува.

Утринските температура се движат во интервалот меѓу минус 3 и 3 степени, додека максималните дневни ќе бележат зголемување и ќе бидат меѓу 11 и 16 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска претпладне има појава на магла, а преку денот ќе биде сончево со умерена облачност и темпераура до 11 степени.