Времето во четвртокот во Македонија ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен северозападен ветер
Вредноста на УВ индексот ќе изнесува 9.
Максималните дневни температури ќе се движат од 27 до 33 Целзиусови степени на западот од земјата, до 31 степен на истокот, до 35 и 36 степени на југот.
Во Скопје и околината максималната температура ќе достигне до 34-от степен.
Во петок и за времен на викендот во попладневните часови, претежно во источните и северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално се можни поинтензивни процеси, особено во сабота.
Во недела ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на температурите за неколку степени.