![oblacno](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/12/oblacno.jpg?resize=660%2C330&ssl=1)
Во Македонија во средата во претпладневните часови ќе преовладува облачно време со повремен локален дожд, а во попладневните часови променливо облачно.
Во текот на денот ќе дува слаб ветер од северен правец.
Утринската температура се движи во интервал од 8 до 14 а дневната ќе достигне меѓу 15 до 20 Целзисови степени.
И во Скопје и Скопската околина денска ќе биде облачно и врнежливо во претпладневните часови. Утринската темепратура достигна 13, а максималната дневна незначително ќе порасне до 18 Целзиусови степени.