Ви вторникот претпладнето во Македонија ќе преовладува променливо облачно време, во северозападните делови со услови за краткотраен локален дожд. Преку ден ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од западен правец.
Утринските температури се движат од 4 до 10, додека највисоките во текот на денот ќе бидат во интервалот меѓу 13 и 26 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска претпладне ќе биде променливо облачно, попладне сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен правец. Температурата ќе достигне до 25 степени.