Во понеделнико во Македонија претпладне времето ќе биде сончево и свежо, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер.
Минималната уринска температура се движи во интервалот од минус 5 до 1, а максималната дневна ќе достигне од 9 до 16 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината ќе биде сончево, до крајот на денот со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура се спушти до минус 3, а максималната ќе достигне 14 Целзиусови степени.
До четврток ќе преовладува сончево време, а од петок ќе има зголемување на облачноста со локален дожд кон крајот на денот. До вторник ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Утринските температури во следните денови на повеќе места ќе се спуштат под нулата, а дневните од среда ќе бидат во пораст.