Претпладне сончево и топло, попладне нестaбилно со дожд и грмежи

Времето во Македонија во понеделник ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната утринска температура се двиќи во интервалот од 13 до 20 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 32 степена.

Во вторник  времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места, особено во централните и источните делови, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и изолирана појава на град. Од среда повторно ќе преовладува сончево и топло време.