Претпладне во четврток во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, додека попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и појава на град.
Утринските температури се движат во интервалот меѓу 10 и 16, додека соодветено максималните дневни ќе бидат од 20 до 30 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде, исто така, претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Температурата ќе достигне до 29 степени.