
Институтот Ромалитико организира кино на отворено на Школка (Градски парк – Скопје) овој петок со почеток од 20:30 часот и ве поканува да дојдете и да проследите Netflix филм полн со емоции и мотивирачки сон на мајка Ромка и боксерка! Филмот е добитник на многу награди во категоријата „НАЈДОБАР ФИЛМ“ на европско ниво, а главната улога, Алина Сербан, е повеќекратно наградена во категоријата „НАЈДОБРА АКТЕРКА“.
Филмот ја прикажува животната приказна на една мајка која е спремна да се бори со се само да обезбеди подобар живот за нејзините две деца. Таа и буквално се бори на боксерски ринг, животен сон кој го потисна поради традицијата. Проекцијата на филмот, кој е дел и од Netflix, е прва премиера во Република Северна Македонија.
По завршувањето на филмот ќе имаме дискусија каде што присутните на проекцијата ќе имаат можност да поставуваат прашања поврзани со филмот.
На настанот ќе има и донаторска акција каде што секој од присутните ќе има можност доброволно да донира за две одделни акции кои ромската заедницата ги претстави како приоритет.