![marihuana kanabis](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/02/marihuana-kanabis.jpg?resize=693%2C406&ssl=1)
На подрачјето на Гази Баба во петокот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода 32-годишниот Б.И. од Скопје.
При претрес во неговиот дом и други простории, извршен по добиена судска наредба од Кривичен суд Скопје, биле пронајдени и одземени марихуана и вага.
Како што информираат од МВР, Б.И. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен поднесок за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ казниво по член 215 од Кривичниот законик.