Претреси во Deutsche Bank втор ден по ред

Германското државн обвинителство во петокот втор ден по ред спроведува претреси во просториите на „Deutsche Bank“ во Франкфурт, поради сомневања во сторено кривично дело перење пари, а истрагата е насочена и против челниците на банката.

Како што соопшти германското државно обвинителство во петокот, Државното биро за контрола на финансиите уѓет во ноември во банката активирало „крт“ кој доставил нови податоци за вмешаноста на „ Deutsche Bank“ во отворањето лажни банкарски спетки во ткн даночни оази, што стана познато по откривањето на скандалите пред две години познати како Panama Papers и Offshore Leaks.

Новинската агенција Reuters пренесува за „невообичаена постапка“ на државните тела кои очигледно немаат доверба во најголемата германска банка, кога е во прашање борбата против перњето парии финансирањето тероризам.

Најновата акција на обвинителството се доживува како голем удар за „ Deutseche Bank“, којашто со доаѓањето на новите раководни лица се надеваша на нов почеток и расчистување со имиџот на институција која помага во перењето пари.

Вредноста на акцијата на „Deutseche Bank“ од почетокот на претресите во четвртокот утрото загуби 3,7 отсто од вредноста.

Претресите се случуват во моментот кога во посета на „Deutseche Bank“ е потпретседателот на американската централна банка Federal Reserve (Fed), Рендал Кварлес, кој во германската финансиска престолнина ги обиколува банките кои се активни и во САД.