Претседателот на бугарската Антикорупциска комисија поднесе оставка

Директорот на бугарската агенција за борба против корупцијата Сотир Цацаров во понбеделникот поднесе оставка, бидејќи новата бугарска центристичка влада бара законски измени за да започне борба против широко распространетата корупција, изјави портпаролот на бугарскиот парламент.

Бугарија е рангирана како најкорумпирана земја-членка на Европската унија според Транспаренси Интернешнл.

Коалициската влада предводена од премиерот Кирил Петков, кој ја презеде функцијата минатиот месец ветувајќи нулта толеранција за корупцијата, планира да ја ревидира агенцијата како прв чекор кон ставање крај на климата на неказнивост во таа балканска земја.

Аналитичарите велат дека корупцијата на високо ниво е сериозна пречка за амбициите на Бугарија да привлече повеќе странски инвестиции и да се приклучи на Шенген и еврозоната. Цацаров, поранешниот главен обвинител, ја презеде антикорупциската комисија во 2019 година.