Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел во четврток во посета на Македонија

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, според најавите во четвртокот ќе допатува во посета на Македонија, во рамките на неговата турнеја по земјите на западен Балкан.

Мишел во „Вила Билјана“ во Охрид ќе се сретне со претседателот на државата Стево Пендаровски. Како што соопштија од кабинетот на претседателот, Пендаровски и Мишел ќе имаат тет-а-тет средба, по што ќе одржат заедничка прес-конференција.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел кој е во мини балканска турнеја, ќе биде гостин на вториот Преспа форум за дијалог што ќе се одржи во Охрид од утре до 18 јуни во организација на Владата на Северна Македонија.

Форумот ќе го отвори претседателот Стево Пендаровски, а на првата сесија на високо ниво според најавите ќе говорат и претседателите на Слованија Борут Пахор, на Хрватска Зоран Милановиќ, на Косово Вјоса Османи – Кадриу и претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ.

Пред да ја посети Македонија, Мишел беше во посета на Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово.