Претседателот на Никарагва ја предложи својата сопруга за копретседател

Претседателот на Никарагва, 79-годишниот Даниел Ортега во средата предложи уставна реформа што дополнително ќе го зајакне неговото влијание во земјата, меѓу другото и со тоа што тој и неговата сопруга потпретседателка 73-годишната Росарио Муриљо ќе станат копретседатели.

Со реформата, исти така, ќе биде продолжен претседателскиот мандат од пет на шест години и ќе го направи незаконски за кој и да е да спроведува странски санкции на територијата на Никарагва, според локалните медиуми.

Покрај тоа, со реформата би станала службена улогата на доборволечките милиии, познати како „паравојска“, и би овозможило претседателство на две лица, меѓу ширококиот спектар мерки.

Ортега веќе јавно ја споменуваше Муриљо како неофицијална копретседателка на земјата.

Двајцата копретседатели ќе ја координираат и работата на парламентот и судството и ќе ги назначат потпретседателите.

Според власта, целта на реформата е да се „модернизира“ уставот и да го доведе „во чекор со времето“.

Парламентот, контролиран од Сандинистичката партија на Ортега и Муриљо, се очекува да ја усвои реформата без промени.

Луис Алмагро, генералниот секретар на Организацијата на американски држави (ОАС), ја осуди предложената реформа.

„Со овие амандмани… Ортега и неговите сојузници се обидуваат да ја зголемат апсолутната контрола врз државата и да останат на власт“, ​​рече Алмагро.

Поранешниот сандинистички револуционер Ортега владее со централноамериканската земја непрекинато 17 години. Првпат дојде на власт во 1979 година по падот на диктаторот Анастасио Сомоза, прво како член на владината хунта, а потоа и како претседател. Беше сменет во 1990 година, но вратен како шеф на државата и владата во 2007 година.

Муриљо е потпретседателка на земјата од 2017 година и веќе се смета за многу моќна.

Пред контроверзниот реизбор на Ортега во 2021 година, беа уапсени седум противкандидати.

Следните претседателски избори во Никарагва ќе се одржат за две години.