Претседателот на ОО СДСМ Ѓорче Петров, поднесе оставка и замина во странство

Претседателот на општинската организација на СДСМ во Ѓорче Петров, Влатко Цветковски поднел неотповиклива оставка од функцијата уште по неуспешниот референдум за промена на името на државата, со најава дека ќе започне со работа во странство, дознава НетПресс.

Тој веќе три недели е преселен во Шведска заедно со своето семејство.

Иако повеќе од еден месец редакцијата на НетПресс очекува официјален одговор од портпаролот на партијата Костадин Костадинов, до објавувањето на статијата се уште не добивме конкретен официјален одговор, а тој кусо по телефон само ни соопшти дека не е во тек со случувањата во оваа општинска организација и дека дополнително ќе не извести.

Денеска Костадинов воопшто и не одговори на нашите повици.

Цветковски е дел од Советот на општината Ѓорче Петров, а е член и на неколку комисии.

Тој беше избран за претседател на ОО СДСМ – Ѓорче Петров, минатата година, на внатрепартиски избори, а е долгогодишен активист на партијата на локално ниво.