Претседателот на Зимбабве се закани со затвор на автор на лажна вест

Претседателот на Зимбабве, Емерсон Мнангагва му се закани со затвор од 20 години на авторот на изјава за која се тврди дека била потпишана од него во која е наведено дека се продолжени мерките за спречување на коронавирусот.

Мнангагва за државната радиотелевизија ЗБЦ демантираше дека го продолжил 21-дневното ограничување на движењето. Изјавата во која се тврди дека ограничувањата биле продолжени минатата недела беше објавена на социјалните медиуми и веднаш беше демантирана од Владата.

– Ако ја фатиме оваа личност, тоа мора да биде пример и тие мора да бидат осудени за ниво 14, што е 20 години затвор …. Мислам дека мора да покажеме дека не сакаме да се шират лажни вести, рече Мнангагва.

Оваа јужноафриканска држава минатата недела објави серија мерки, кои вклучуваат затвор до 20 години за луѓето кои шират невистини за епидемијата.