Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска ќе има обраќање во кое ќе ги соопшти своите ставови во врска со вонредната состојба, свикувањето нова лидерска средба, како и за одржувањето на изборите. Од Кабинетот на претседателот за посочуваат дека тој ќе одговори на многу прашања кои деновиве се отворија во јавноста, а се однесуваат на состојбата во земјата поврзано со кризата со коронавирусот односно дали ќе има седница на Советот за безбедност и нова вонредна состојба, што исто така се поврзува со одржување на предвремените парламентарни избори.
Се очекува тој да каже дали ќе има лидерска средба за датумот за избори Засега нема партиски консензус за датум за парламентарни избори. Претседателот Пендаровски, последната 14-дневна вонредна состојба, која требаше да помогне за реализација на мерките за справување со корона кризата, ја прогласи на 30 мај, а истекува в сабота.