![mob](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/02/mob.jpeg?resize=455%2C444&ssl=1)
Во Македонската опера и балет, в петок со почеток од 20 часот, ќе биде изведена претставата „Фауст“ од Шарл Гуно.
Премиерата на оваа познато дело, кое го обработува и славниот Гете, на сцената на Македонската Опера и Балет, се одржа на 25 октомври 2013 година, по пауза од 30 години. Во петочната претстава ќе настапат: Зоран Сотиров, во насловната улога, Иван Томашев, гостин од Србија, во улогата на Мефисто, Маргарета: Олгица Милевска, Валентин: Ристе Велков,
Вагнер: Драган Ампов, Зибел: Дејан Стоев и Марта: Марика Поповиќ.
Режисер е Марио де Карло од Италија, диригент: Рафаел Шлисерберг од Австрија.